• четврток, 07 ноември 2024

Филмот „М“ на Вардан Тозија од денеска во Кинотека

Филмот „М“ на Вардан Тозија од денеска во Кинотека

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Вардан Тозија - „М“, од денеска ќе се прикажува во Кинотека.

По денешната проекција, филмот ќе се прикажува во среда (25 октомври), четврток (26 октомври), петок (27 октомври) и сабота (28 октомври).

Вардан Тозија дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија, филмска и ТВ режија. Посетувал и предавања на правни и политички науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Режирал неколку кратки и документарни филмови и телевизиски серии, неговиот дебитантски игран филм АМОК (2016) премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, а бил селектиран и на повеќе од триесет филмски фестивали низ целиот свет, вклучувајќи го и фестивалот од А-листата во Шангај. АМОК доби значајно признание од филмската критика и се здоби со бројни награди. Филмот „М“ е втор долгометражен филм на Тозија.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.

Актерската екипа која ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.

Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.
Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.бт/са/

Фото/ Кинотека

Остани поврзан