Филмот „Исцелител" на „Кино на отворено" во Кисела Вода
- Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на култура „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“

Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“.
Проекцијата е во 21 часот. Од Општината соопштија дека како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите ќе се прикажуваат анимирани филмови од архивата на „МакеДокс“.

Летниот филмски фестивал е во организација на Општина Кисела Вода и се одржува со поддршка на „МакеДокс“. Почна во вторникот, а ќе заврши утре. бт/мч/