• вторник, 31 март 2026

Филков: Правдата мора да биде видлива - реформите носат резултати

Филков: Правдата мора да биде видлива - реформите носат резултати

Скопје, 31 март 2026 (МИА) - По повод 31 Март - Денот на македонското правосудство - министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем.

- Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите оваа одговорност секој ден со вашата работа и со вашите одлуки - истакнува Филков во честитката.

Силно и независно правосудство, како што посочува, е основа на секое демократско општество. - Затоа мораме заеднички да продолжиме да градиме систем што ќе биде отпорен на влијанија, ефикасен во постапките и доследен во примената на законот - нагласува Филков.

Тој посочува дека како министер за правда останува целосно посветен на реформите што значат вистински промени - подобри закони, поголема транспарентност, дигитализација и јакнење на интегритетот во системот.

- Ова не се само процеси, туку чекори кон враќање и зацврстување на довербата. Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна. Таа мора да биде сигурна, доследна и еднаква за сите. Честит Ден на македонското правосудство. Одговорноста е заедничка - резултатите мора да бидат видливи - порача министерот Филков. дма/вј/

Фото: Министерство за правда

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан