• петок, 17 април 2026

Филипче: Шест години Македонија во НАТО, потврда на државничките политики на СДСМ!

Филипче: Шест години Македонија во НАТО, потврда на државничките политики на СДСМ!

Скопје, 27 март 2026

Пред точно шест години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО - историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех - се вели во соопштението од СДСМ, во кое се пренесува фејсбук-објавата на лидерот на партијата Венко Филипче, а МИА го објавува интегрално.

Со одговорни и државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност.

Во време на глобални безбедносни ризици и воени конфликти уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна.

Денеска, зад безбедноста на Македонија, стои најмоќниот сојуз во светот - НАТО!

Сите ние особено се гордееме на овој национален и државнички успех.

Фото СДСМ

Остани поврзан