• петок, 05 декември 2025

Филипче: Со Златко Кузмановски Демир Хисар отвора нова страница на развој и напредок

Филипче: Со Златко Кузмановски Демир Хисар отвора нова страница на развој и напредок

Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар ја поддржа кандидатурата на Златко Кузмановски за градоначалник на општината, нагласувајќи дека тој е најдобриот избор за реализирање на програмата и визијата што СДСМ ја нуди за Демир Хисар.

-Верувам, и стојам одговорно зад тоа, дека Златко ќе ја води општина Демир Хисар чесно, со интегритет и со почит кон секој граѓанин. Тој ќе отвори нова страница за Демир Хисар, страница на развој, можности и напредок,“ рече Филипче.

Тој додаде дека Кузмановски е народен човек, постојано присутен меѓу сограѓаните, кој ги разбира нивните потреби и предизвици. -Кузмановски ќе биде секогаш на терен, достапен и подготвен да слушне и решава проблеми. Ја познава секоја мака на општината и има волја и план за справување со нив, истакна Филипче.

Лидерот на СДСМ, Филипче нагласи дека на овие избори граѓаните избираат повеќе од партија, односно, како што рече, избираат иднина и дом кој ќе им го оставиме на нашите деца.

-На деветнаесетти октомври, имаме можност да кажеме доста на лагите, на неправдата и на лажниот патриотизам. Има можност да избереме чесни луѓе, луѓе со интегритет кои ќе одговараат пред вас, граѓаните. Сите заедно да излеземе и да покажеме дека се бориме за нашиот дом – за Демир Хисар, за Македонија и за сигурна и просперитетна иднина, порача Филипче. бк/сст/

фото: СДСМ

Остани поврзан