• петок, 22 ноември 2024

Филипче во Велес: Да се вакцинираме за иднината на нашите деца, за нашата иднина

Филипче во Велес: Да се вакцинираме за иднината на нашите деца, за нашата иднина
1 септември 2021
 
СДСМ продолжува со маалските средби, заедно со граѓаните, онаму каде што ни е местото. Потпретседателот Филипче вечерва присуствуваше на маалска средба со граѓаните на урбаната заедница Трајко Панов, во центарот на Вардарскиот регион, Велес.
Пред присутните потпретседателот Филипче посочи дека СДСМ е одговорна партија, партија која работи во интерес на граѓаните, во интерес на државата. Преку континуирана заложба дејствуваме да обезбедиме подобри услови и поголема заштита за граѓаните. Во услови на пандемија, која зема замав, СДСМ е партија која воведе превентивни и рестриктивни мерки, се со цел да го заштити секој еден граѓанин и јавното здравје.
‘Се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на коронавирусот и само преку масовна имунизација, најсигурно можеме да ставиме крај на пандемијата. Вакцинацијата на територијата на целата држава тече непречено. Во изминатиот период бележиме и најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот. Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и во периодот кој следи. Ве повикувам да им помогнеме на здравствените работници и на здравствениот систем. Да се вакцинираме, да покажеме пример, да покажеме одговорност кон себе и другите. Вакцините се безбедни, го подигнуваат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања на вирусот. Ова е единствен начин да успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање’ – рече потпретседателот Филипче.
Филипче се осврна и на претстојните локални избори и понудата со која СДСМ ќе настапи пред граѓаните на Велес.
Во Општина Велес, на претстојните локални избори, СДСМ ќе настапи со кандидатот Ненад Коциќ, актуелен пратеник, доктор по интерна медицина, човек кој години наназад се грижи за здравјето на велешани и активист во граѓанскиот сектор кој се грижи за заштита на животната средина и борбата против загадувачите. Докажуваме и покажуваме дека СДСМ несомнено и овој пат, го нуди најдоброто.
Граѓаните ја препознаваат нашата посветена работа, нашиот труд да обезбедиме подобри услови, подобар стандард и нашата желба да го понудиме најдоброто. Остануваме прогресивни, мотивирани и единствено насочени кон политиките кои водат кон напредок, раст и развој, порача потпретседателот Филипче.
СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан