• недела, 22 декември 2024

Филипче: Аплаузот е за лекарите и сестрите секаде и во Куманово, кои успешно се справија со оваа криза

Филипче: Аплаузот е за лекарите и сестрите секаде и во Куманово, кои успешно се справија со оваа криза
Куманово, 12 јули 2020 (МИА) - Аплаузот е за лекарите и сестрите секаде, и во Куманово, кои успешно се справија со оваа криза. Ваква криза никој немаше предвидено во светот, не се случува во 100 години, нема димензионирани здравствени системи за ова, но навремено воведовме превентивни мерки, ја осигуравме инфраструктурата, го зголемивме капацитетот на тестирање, добивме откривање на асимтоматски случаи и спречивме компликации. Имавме пречки од опозицијата, ни ставаа сопки, ширеа сопки, ги блокираа парите од Светска банка да го зајакнеме здравството, сега ќе ја имавме опремата за подготвени да се справиме со бранот на есен. Но ќе го добиеме кредитот, порача вечерва од Куманово претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство Фенко Филипче.
Тој посочи дека во изминатиот период работеле на вложувања во Ургентниот центар во Куманово, на инфраструктурата во Клиничкиот центар во Скопје, дека се носат инсулини со сертификати за квалитет по светски стандарди.
-Имаме модерен календар за имунизација, најмодерен во целиот регион. Ја преполовивме смртноста на новороденчињата. Ја зајакнавме експертизата на лекарите, се случи и првата трансплантација на срце, спасен е живот. Над 100.000 денари примаат плата лекари специјалисти. За над 20 проценти ги качивме платите на медицинските сестри. Не постои млад лекар без работа. Никој повеќе не сака да замине во Германија, тука сакаат да живеат, со своите деца, каде што им живееле претците, истакна Филипче.
На кумановци им порача да ги отфрлат цинизмот и песимизмот и да го заокружат 3 за тимот на Заев, кој, како што рече министерот Филипче, ги реши најголемите прашања и за премиерот и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски кој херојски се справи и во социјалата и во здравствто и во економијата. бк/ац/

Остани поврзан