Филипче:Со жалење ја примив веста дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со Ковид-19, да дадеме поддршка и оддадеме почит кон нивната работа
- Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил изрази жалење за починатата медицинска сестра од болницата во Охрид, која ја загуби битката со Ковид-19.
Скопје, 26 септември 2020 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил изрази жалење за починатата медицинска сестра од болницата во Охрид, која ја загуби битката со Ковид-19.
-Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид. Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата, напиша министерот.
Тој додава дека медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик.
- Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници, порачува Филипче.скс/