• четврток, 26 март 2026

Филипова – Свеќароска: Заедно градот да го вратиме на граѓаните, на прво место да биде човекот, а не профитот

Филипова – Свеќароска: Заедно градот да  го вратиме на граѓаните, на прво место да биде човекот, а не профитот

Кочани, 13 октомври 2025 (МИА) - Средби со граѓаните и со своите симпатизери и членови, попладнето, во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, имаше партијата Левица. Пред заинтересираните беше презентирана дел од изборната програма, а се претстави кандидатот за градоначалник на оваа партија, Жаклина Филипова – Свеќаровска, како и носителот на советничка листа, Ванчо Мишовски.

Филипова - Свеќаровска смета дека Кочани и граѓаните се затрупани со ѓубре, окпружени со кучиња скитници, сардисани од криминали, со згради без зеленило, град заглавен во сообраќаен хаос, рече таа. 

- Со чесна работа, решение на сето тоа ќе се најде. Но, она што е клучно, е тоа на овие избори да им се покаже на оние што до коска го глодаат општеството, да сфатат дека не улиците, не зградите, туку луѓето се градот и дека градот мора да се врати на граѓаните, мора да си го вратиме достоинството, мора да се врати човечноста, смета кандидатот за градоначалник на Левица, Филипова - Свеќаровска.

 

Таа ја побара подршката од кочанчани, ветувајќи дека ќе има и одговорност и правда за сите безаконии коишто се направени наназад низ децениите. 

-  Граѓаните мора масовно да излезат на изборите заради тоа што не постои друг начин да се деинсталираат ротирачките партии коишто клиентелистички и криминално ја држат власта веќе три децении. Заложници сме на нивното дивеење и затоа да излеземе заедно да си го вратиме градот назад кај граѓаните, да биде на прво место човекот, а не профитот, порача Филипова – Свеќаровска.

Од своја страна, носителот на советничката листа на Левица, Ванчо Мишовски, рече дека како кандидати за советници имаа јасна цел -  Совет што ќе биде глас и чувар на јавниот интерес на општината. Според него, Кочани има потенцијал да биде модерен и организиран град. Но тоа, како што нагласи, бара чесно работење, одговорност и отчетност кон народот.

- Како иден член на Советот ќе се заложам за приоритетна комисија што ќе ги таргетира локалните проблеми ќе даде поддршка за настраданите во трагедијата и за нивните семејства, вети Мишовски.

На средбата со граѓаните на Кочани присуствуваше и лидерот на партијата, Димитар Апасиев, како и пратеникот, Борислав Крмов. ис/

Фото: МИА

 

Остани поврзан