• четврток, 26 март 2026

Физички го нападнал партнерот на поранешната сопруга

Физички го нападнал партнерот на поранешната сопруга

Виница, 24 септември 2025  (МИА) - Синоќа околу 21, 30 часот, во локалното Одделение за внатрешни работи, дваесет и деветгодишна виничанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, С.И., физички го нападнал нејзиниот сегашен партнер Б.М., откако претходно на двајцата им упатувал закани, информира СВР Штип.

Неколку часа подоцна во 00: 40 и Б.М. пријавил дека физички бил нападнат од поранешниот сопруг С.И. при што нему и на партнерката им се заканувал, се наведува во информацијата на СВР Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.ис/вј/

Фото: СВР Штип

Остани поврзан