• понеделник, 20 мај 2024

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите
Гронинген, 28 септември 2021 (МИА) – Македонската клупска кошарка ќе нема претставник сезонава во ФИБА Еврокупот, откако по елиминацијата на ТФТ Скопје пораз во четвртфиналето вечерва претрпе и Куманово со убедливи 83-60 (39-24) од австриски Гмунден Кошаркарите на Куманово катастрофално го отворија своето европско деби на квалификацискиот турнир во Гронинген и веќе по првата четвртина беа во негатива од 13 поени, а на полувреме австрискиот шампион замина со предност од 39-24. Разликата во квалитет беше очигледна и на крајот резултираше со убедлив пораз од 23 поени разлика на македонскиот тим, во кој најефикасен беше Џонатан Холмс со 16 кошеви. Претходно денеска, и вториот македонски претставник во квалификациите за пласман во групната фаза на ФИБА Еврокупот, ТФТ Скопје, доживеа елиминација во четвртфиналето по поразот од унгарски Седек со 92-76 на турнирот во Краснодар. ег/са/

Остани поврзан