ФЗОРСМ: Фондот упати неколку привремени решенија, се очекува следната недела да се регулираат платите за здравствените работници
- Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) ја известува јавноста дека техничките тимови работат во континутет за целосна функционалност на системот, а во меѓувреме Фондот издал неколку привремени решенија со кои се надминуваат дел од проблемите. Во овој момент, Фондот стапува во комуникација со јавните здравствени установи за да ја прибере потребната документација за исплата на плати.
Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) ја известува јавноста дека техничките тимови работат во континутет за целосна функционалност на системот, а во меѓувреме Фондот издал неколку привремени решенија со кои се надминуваат дел од проблемите. Во овој момент, Фондот стапува во комуникација со јавните здравствени установи за да ја прибере потребната документација за исплата на плати.
Во интерес на јавноста, а во врска со пристигнатите новинарски прашања, Фондот ги објавува следните информации:
- Во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, Ве информираме дека со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи. За проблемот со кој ФЗО се соочува, ве известуваме дека ФЗО ги користи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност. Во однос на осигуреници кои поради било која причина менуваат матичен лекар ( вклучително и поради пензионирање на претходниот матичен лекар ) изготвени се насоки за матичните лекари како да постапуваат во таков случај, се вели во соопштението од Фондот.
Од ФЗОРСМ уште еднаш да информираат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.
- Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата, покрај ова, Подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита, се вели во соопштението од Фондот.
Од Фондот, исто така, посочуваат дека навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните. аа/