• петок, 15 ноември 2024

Фејсбук ќе ги обележува потенцијално штетните објави

Фејсбук ќе ги обележува потенцијално штетните објави
Њујорк, 27 јуни 2020 (МИА) - Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ќе започне да ги обележува потенцијално штетните објави на својата мрежа, кои, сепак, ќе ги остави заради нивната важност за јавноста. Како што пренесуваат странските агенции, компанијата е под притисок да ја ограничи содржина на својата платформа, вклучувајќи ги и објавите на американскиот претседател Доналд Трамп. Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг изјави дека компанијата ќе забрани реклами во кои се опишуваат различни групи врз основа на раса и имиграциски статус, како закана, пренесува Би-Би-Си. Исто така ќе ја отстрани содржината, дури и ако е објавена од политичар, ако процени дека поттикнува насилство или врши притисок врз гласањето. паг/

Остани поврзан