Фергусон им врачи јубилејни награди на Роналдо и Де Геа
- Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон им врачи награди на Давид Де Геа и Кристијано Роналдо пред денешниот натпревар со Њукасл од 11. коло во Премиер лигата.

Манчестер, 16 октомври 2022 (МИА) – Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон им врачи награди на Давид Де Геа и Кристијано Роналдо пред денешниот натпревар со Њукасл од 11. коло во Премиер лигата.
Пред мечот на „Олд Трафорд“ шпанскиот голман и португалскиот напаѓач добија пригодни подароци од Фергусон.
Натпреварот против Њукасл беше 500-ти за голманот за Манчестер јунајтед, а Роналдо неодамна го постигна својот 700-ти гол на клупско ниво.
Средбата Манчестер јунајтед – Њукасл заврши без победник 0:0. зс/