• сабота, 21 декември 2024

Федералните резерви уште еднаш ја зголемија каматната стапка 

Федералните резерви уште еднаш ја зголемија каматната стапка 
Вашингтон, 2 ноември 2022 (МИА) - Федералните резерви, американската централна банка, соопшти денеска за ново повишување на каматната стапка од 0,75 отсто, со цел да успори клучни делови од економијата и да ја заузда инфлацијата, моментало на највисок ниво во 40 години. Според Федералните резерви (ФЕД), новиот опсег на зголемување е до 3,75-4 отсто, најголема процентна стапка од јануари 2008 година. Поскапувањето на кредитите во изминатите месеци е обид на Фед да го запре зголемувањето на цените со оладување на економијата и намалување на потрошувачката. Оваа политика, сепак ризикува ставање на американската економија во рецесија, и зголемување на невработеноста. Ова е четврто повишување на стапките годинава и се прави на помалку од една недела пред среднорочните избори. -Војната на Русија против Украина предизвикува хуманитари и економски тешкотии. Војната и настаните поврзани со неа создаваат дополнителен нагорен притисок на инфлацијата и ја обременуваат глобалната економска активност, изјавија од Фед. Оттаму сметаат дека сегашниот курс на зголемени камати ќе биде соодветен за достигање на целта со текот на времето а тоа е инфлација од два отсто на годишно ниво. кб/аа/

Остани поврзан