• понеделник, 23 декември 2024

ФДА: Несакани реакции на вакцината на Модерна кај луѓе со филери

ФДА: Несакани реакции на вакцината на Модерна кај луѓе со филери
Вашингтон, 25 декември 2020 (МИА) - Советодавниот одбор на американската Управа за храна и лекови - ФДА, која ја анализира вакцината на компанијата „Модерна“ против коронавирусот, забележа одредени несакани ефекти кај луѓето кои имале филери. - Во овие случаи, сите пациенти имаа оток и воспаление во областа каде што луѓето имале ставено филер. Неколку пациенти имаа филери во образите шест месеци пред да ја примат вакцината, а еден имаше филер во усните два дена по аплицирање на вакцината. Сите лица беа третирани со стероиди и антихистамини и сите нивни реакции се решија, рече дерматологот Ширли Чи. Чи додаде дека станува збор за имунолошка реакција на вакцината, јави Еј-Би-Си. паг/    

Остани поврзан