• четврток, 21 ноември 2024

ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства во Украина

ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства во Украина

Киев, 26 април 2023 (МИА) - Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционе.

-Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, кој претходно служеше како правен аташе на агенцијата во Украина.

„Собирање на податоците и нивната анализа, односно работата со овие податоци е нешто во што има искуство ФБИ“, рече Кобзанец на конференцијата за кибер безбедност во Сан Франциско.

Работата вклучува испитување на податоците од мобилните телефони, форензичка анализа на примероци од ДНК, како и анализа на делови од телото собрани од боиштата, рече тој.

-Следниот чекор е да се работи со националните американски даватели на услуги и да се пренесат тие информации... добивање податоци за претплатниците, добивање информации за геолокацијата, каде што е можно, додаде Кобзанец.

Оваа заедничка работа ја одразува продлабочената соработка меѓу САД и Украина на кибер фронтот, каде Русија беше заеднички противник за двете земји.

Агентот додаде дека американското ФБИ во изминатата 1,5 година и помага на Украина да ги идентификува руските соработници и шпиони кои дејствуваат во Украина и руските сили кои дејствуваат надвор од Киев за време на инвазијата.

Американските безбедносни фирми и официјални лица се главниот партнер на Украина во нејзините напори да се одбрани од руските кибер напади, со кои таа се бори најмалку од 2015 година.

Илија Витиук, шеф на Одделот за кибер информациска безбедност на Украинската служба за безбедност, изјави дека иако бројот на руски напади врз Украина се зголеми во изминатите неколку години, тие стануваат сè повеќе мета во последните месеци.

-Многу е тешко во кривичната постапка да се докаже кој е одговорен, рече Витиук. „За нас е многу важно да добиеме што е можно повеќе информации за руските кибер криминалци... бидејќи ги собираме сите тие информации и ги ставаме во нашите криминални случаи, рече тој.

„Ние веруваме дека овој случај на кибер воени злосторства е нешто ново“, додаде тој. „Тука ја видовме првата кибер војна од целосен обем“. сд/

Остани поврзан