• недела, 22 декември 2024

Фајон: Мешањето на Москва во процесите во Србија е многу загрижувачко, Русија нема да застане на Украина

Фајон: Мешањето на Москва во процесите во Србија е многу загрижувачко, Русија нема да застане на Украина

Љубљана, 10 јануари 2024 (МИА) – Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека мешањето на Москва во внатрешните процеси на некои земји од Западен Балкан, како Србија, е многу загрижувачко, бидејќи постојат стравувања дека Русија нема да запре на војната против Украина.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Фајон рече дека „има сериозни стравувања дека Русија не може да запре само во војната во Украина“ и додаде дека руското политичко мешање „може да се види во одредени земји од Западен Балкан“.

- Тоа е, се разбира, многу загрижувачко. Она што го гледаме во Србија или во Република Српска, со дезинформации, руска пропаганда и мешање. И затоа мораме да ја запреме оваа војна (во Украина). Мораме да се бориме за праведен и траен мир за Украинците. Тоа е наша заедничка одговорност, изјави Фајон. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан