• петок, 22 ноември 2024

Фајненшл тајмс: Британија нема да воведе целосни гранични контроли со ЕУ следната година

Фајненшл тајмс: Британија нема да воведе целосни гранични контроли со ЕУ следната година
Лондон, 12 јуни 2020 (МИА) - Британската Влада се откажа од плановите да воведе целосни гранични контроли со ЕУ на 1 јануари, како резултат на пандемијата на коронавирус, пренесува „Фајненшал тајмс“. Според весникот, членот на кабинетот Мајкл Гоув прифатил дека деловните субјекти не можат да се справат со проблемите кои произлегуваат од пандемијата и во исто време да се обидат да ги решат граничните прашања во периодот по Брегзит. Во оваа ситуација, наместо целосни контроли, се предвидува Владата да воведе привремен полесен режим на проверки во британските пристаништа за влез на стоки од ЕУ, како во случај со Брегзит со договор, така и без договор. Сепак, министрите се согласуваат дека стоките од Велика Британија кон ЕУ веројатно ќе бидат предмет на целосен надзор кога ќе влезат во Франција. - Го гледаме ефектот на коронавирусот врз британскиот бизнис и во случај Лондон да ја презема контролата врз законите и границите до крајот на годината, министрите ќе бидат прагматични и флексибилни, вели Гоув за „Фајненшл тајмс“. Овој потег, кој се очекува да биде официјално објавен пред забрзувањето на подготовките за Брегзит без договор во јули, претставува голем пресврт од февруари, кога Гоув објави дека стоките издадени од Европа ќе бидат предмет на целосни контроли. паг/      

Остани поврзан