• петок, 22 ноември 2024

Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест 

Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест 

Вашингтон, 18 јануари 2022 (МИА) - Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

- Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат, изјави Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата куќа, за време на виртуелен панел организиран од Агенда Давос. 

Тој изрази надеж дека тоа не е случај. - Но, тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш Ковид-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест, рече Фаучи. 

Според други експерти, Омикронот е доминатна варијанта во североисточниот дел на САД и се уште не е распространет низ целата земја. 

- Не треба да очекуваме да се достигне национален максимум (на инфекции) во следните денови. Следните неколку недели ќе бидат тешки, изјави за Си-Ен-Ен Вивек Мурти, главен хирург на САД. кб/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан