Фатен крадец во Струмица, затекнат при кражба во црква
- Полициски службеници синоќа во 23:40 часот во Струмица го лишиле од слобода струмичанецот С.Х. (26), кој бил затекнат при извршување на „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица.
Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Полициски службеници синоќа во 23:40 часот во Струмица го лишиле од слобода струмичанецот С.Х. (26), кој бил затекнат при извршување на „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица.
Според МВР, осомничениот со употреба на сила влегол во црквата и одзел пари. По пријава на настанот, полицијата брзо реагирала и го затекнала на местото на кражбата, по што веднаш бил приведен. Со него бил и неговиот малолетен син. За случајот бил известен Центарот за социјални работи во Струмица, кој го згрижил детето и го предал на неговата баба.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а за случајот е известен и јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/вј/
Фото: МВР