Фабрика во Иран произведува американски и израелски знамиња за палење
- Во најголемата фабрика за производство на знамиња во Иран се произведуваат американски, британски и израелски знамиња кои иранските демонстрантите ги палат.

Техеран, 31 јануари 2020 (МИА) - Во најголемата фабрика за производство на знамиња во Иран се произведуваат американски, британски и израелски знамиња кои иранските демонстрантите ги палат.
Фабриката се наоѓа во градот Хомеин, југозападно од Техеран, и во неа вработените рачно изработуваат знамиња.
Месечно се произведуваат околу 2.000 американски и израелски знамиња.
Како што пренесуваат светските агенции, во период на засилени тензии меѓу САД и Иран, по убиството на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, демонстрантите редовно палат американски, британски и израелски знамиња на митинзи и протести. паг/