• петок, 05 декември 2025

Фабиан: ЕУ мора да се спротивстави на политичкиот притисок во „зеленото финансирање“

Фабиан: ЕУ мора да се спротивстави на политичкиот притисок во „зеленото финансирање“
Брисел, 14 април 2021 (МИА) - Европската унија мора да се спротивстави на политичкиот притисок за спроведување регулативи за „зелените финансии“, вели шефот на советничката група, Нејтан Фабиан, додавајќи дека научните критериуми се поважни од политичкиот компромис. ЕУ мора да го објави првиот дел од „зелената таксономија“ до 21 април, список на економски активности што ќе ја носат ознаката „зелена“ од следната година.
„Отстапувањето од еколошки прифатливите параметри во таксономијата со проширување на постојната рамка над строго научните граници создава значителни ризици за неговата декларирана цел и за кредибилитетот на целиот проект“, се вели во писмото, потпишано од Фабиан.
Тој е претседател на советничката „платформа“ од 57 члена и 10 набљудувачи. „Комисијата се чини дека во голема мера ги игнорираше стручните совети при изготвувањето, забележува Фабиан во писмото. Експертите советуваат дека регулативите одразуваат научни докази дека економската активност што инвеститорите се подготвуваат да ја финансираат се обидува да ги избегне најтешките последици врз климата. Предлогот на ЕК поттикна девет советници да се заканат дека ќе се повлечат од експертското тело. паг/  

Остани поврзан