• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

У20: Македонските кошаркарки против Словенија во четвртфиналето на ЕП

У20: Македонските кошаркарки против Словенија во четвртфиналето на ЕП
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години утре против Словенија ќе се обиде да избори пласман меѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје. Македонските кошаркарки изборија пласман во четвртфиналето, откако синоќа ја совладаа Романија со 55-53, а подоцна Црна Гора триумфираше над Хрватска со убедливи 80-49. Избраничките на Јелена Антиќ во четвртфиналето ќе се сретнат со репрезентацијата на Словенија која е првопласирана во Д сегментот. ег/цр

Остани поврзан