• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

У18: Македонските фудбалери поразени од Словачка

У18: Македонските фудбалери поразени од Словачка


Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 18 години претрпе пораз од 3:1 од Словачка во рамки на вториот контролен натпревар одигран денеска меѓу двете селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски“, во Скопје.
Јан Брнула го отвори резултатот на средбата со погодок во 18. минута. На 2:0 зголеми Кристијан Стручка во 28. минута. Филип Трело го постигна третиот погодок за Словачка во 45. минута.
Во продолжението од средбата избраниците на селекторот Ерхан Селими успеаја само да го намалат резултатот. Давид Стојановски беше стрелец на погодокот во 60. минута.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации заврши нерешено 1:1. ег
ФОТО: ФФМ

Остани поврзан