• четврток, 21 ноември 2024

У17: Македонските фудбалерки со реми против Унгарија ги завршија евроквалификациите

У17: Македонските фудбалерки со реми против Унгарија ги завршија евроквалификациите

 

Телки, 8 ноември 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години одигра попладнево нерешено 1-1 (0-1) против домаќинот на турнирот Унгарија во завршниот натпревар од групата Б3 за пласман во Лига А од квалификациите за Европско првенство 2025.

Петра Гегени ја доведе Унгарија во водство во 39 минута, а калина Попески во 83 минута го постави конечниот резултат.

Со нерешениот резултат избраничките на селекторот Катерина Милевска ги завршија квалификациите на второто место со една победа и две нерешени, освојувајќи пет бодови, два помалку од првопласираната Унгарија, која со првото место обезбеди пласман во А дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир во Унгарија одиграа нерешено во првото коло против Литванија (1-1), а во второто ја совлада Андора со 2-1. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан