У17: Македонските фудбалерки со победа над Молдавија го потврдија пласманот во А-лигата
- Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со победа од 2-0 над Молдавија попладнево го заокружи успешниот настап на евроквалификацискиот турнир во Албанија на кој го освои прв
Рогожине, 24 октомври 2022 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со победа од 2-0 над Молдавија попладнево го заокружи успешниот настап на евроквалификацискиот турнир во Албанија на кој го освои првото место и обезбеди пласман во елитната Лига А на УЕФА.
Стрелци за македонскиот состав во заслужената победа над Молдавија беа Ибраими во 79. и Илиевска во 82. минута.
Претходно, во рамки на квалификациската група 2 од Б лигата, Македонија триумфираше над Албанија (5-2) и Косово (2-1) и со максимални девет бодови заврши првопласирана на табелата и за прв пат во историјата на пролет ќе игра во А-лигата.
Жрепката за квалификациските група во А-дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Естонија е закажана за 9 декември во седиштето на УЕФА во Нион. ег/ар/