• четврток, 12 септември 2024

У17: Македонските фудбалерки на меѓународен турнир во Италија

У17: Македонските фудбалерки на меѓународен турнир во Италија

 

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) – Македонската репрезентација за фудбалерки до 17 години оваа недела ќе учествува на меѓународен турнир во Италија.

Селекторот Катерина Милеска за турнирот што до 15 септември ќе се одржува во Аквилеја и Градишка д’Исонзо повика 20 фудбалерки.

Покрај домаќинот Италија, македонската селекција за противници ќе ги има Словенија и Албанија.

Турнирот во Италија е во рамки на подготовките на македонската репрезентација до 17 за ноемвриските евроквалификации против Литванија, Андора и Унгарија.

Домаќин на квалификацискиот турнир од 2 до 8 ноември ќе биде Унгарија. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан