• петок, 22 ноември 2024

У17: Македонските фудбалери ремизираа против Албанија

У17: Македонските фудбалери ремизираа против Албанија
Струга, 13 септември 2022 (МИА) - Македонската машка фудбалска репрезентација до 17 години денеска на домашен терен одигра нерешено 3-3 против Албанија во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. На стадионот на ФК Караорман во Струга избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ имаа водство од 3-1, но, албанската репрезентација избегна пораз со два гола во самиот финиш на средбата.  Головите за Македонија ги постигнаа Мухамед Елмас, Андреј Велков и Алтин Али.  Вториот контролен натпревар ќе се игра в среда од 16. часот, во Елбасан. ег/сст/

Остани поврзан