• сабота, 13 јули 2024

УЈП: Регистрирајте го готовинскиот промет преку фискален систем на опрема

УЈП: Регистрирајте го готовинскиот промет преку фискален систем на опрема

Скопје, 13 јули 2024 

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето се извршува во готово, должни се да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема (фискални каси) и да издаваат фискални сметки. 

Обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, не се однесува на: 

- даночните обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите; 

- лицата кои не се трговци за прометот на непреработено и сопствено земјоделско производство што го вршат на тезги на пазари, како и надвор од пазарите; 

- физичките лица кои издаваат под закуп станбен или деловен простор; 

- лицата кои вршат дејност во објекти што се наоѓаат во населени места со број на жители под 300 луѓе и кои се сместени во високопланински и тешко достапни места со исклучок на туристички места;

- лицата кои вршат улична продажба на весници и списанија;

- колпортерска продажба;

- лицата кои вршат улична продажба на лозовите што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот инстант лотарија, како и на картичките што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот томбола;

- лицата кои извршуваат континуиран промет, за кои издаваат сметки и за кои се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго);

- продажба на добра или услуги преку автомати за продажба кои работат со монети и книжни пари.

Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација, посебно за времетраењето на летните манифестации кои се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, концерти,  плажи, паркинг простори и друго.

За повеќе информации контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000 или во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.

Брошура за фискализација и регистрирање на готовинските плаќања http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0844/ISBN-978-608-4592-93-8_Fiskalizacija_i_registriranje_na_gotovinski_plakanja_24.01.2018.pdf

Управа за јавни приходи

_____________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан