• сабота, 06 декември 2025

Уште една шампионска титула за ТК Југ

Уште една шампионска титула за ТК Југ

Скопје, 4.јули 2025 (МИА) - Тенисерите на Југ освоија уште една шампионска титула. Тие денеска во дуелот за првото место го совладаа конкурентот Поинтер со 4:1. 

Југ во првите две кола постигна максимални победи од 7:0 против ТК Тумба (прво коло) и ТК МТП (второ коло).

Оваа година за ТК Југ на мечевите од лигата настапија Дејвис куп репрезентативците на Македонија Стефан Мицов, Берк Бугариќ и Кристијан Јанев, а во составот беа уште и Дарко Колевски, Томислав Јотовски и Димитар Грабул.

Конечна табела: Југ 3-0 (победи-порази); Поинтер 2-1, МТП 1-2 и Тумба 0-3.   мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан