• петок, 22 ноември 2024

Уште една ангио сала приоритет на Специјалната болница за кардиологија во Охрид

Уште една ангио сала приоритет на Специјалната болница за кардиологија во Охрид

Охрид, 7 декември 2023 (МИА) - Уште една ангио сала со нов ангиограф се приоритет на Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид, истакна денеска директорката Елена Коваческа - Башуроска, по обиколката на болницата во чија посета беше заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

До ресорното министерство информира дека за тоа доставиле и идеен проект.

- Уште една ангио сала, би значело намалување на листата на чекање на пациентите, но и како бекап, резервен апарат. Години наназад се случуваше во неколку наврати дефект на апаратот, а пациентите беа праќани на Клиниката за кардиологија, одложувани беа елективните пациенти, за елективни ангиографии, што е голем проблем. Неминовната потреба е уште еден ангиографски апарат, изјави Коваческа - Башуроска.

Барањеата, како што нагласи заменик-министерката Манолева, се стигнати до Министерството за здравство и очекува позитивен одговор. Во оваа Јавна здравствена установа, според неа, се извршуваат над 2.500 интервентни процедури, повеќе од 120 специјалистички прегледи, 50 ехокардиографии, околу 40 стрес тестови и исто толку доплери кај пациентите на кои им се потребни.

- Тоа ни дава задача, Министерството за здравство да размислува и да одговори на брањата на Институцијата дека треба да се развива со уште една ангиографска сала и со уште еден ангиограф. Барањата се стигнати во МЗ, се надеваме дека во наредниот период ќе можеме позитивно да одговориме на се тоа што се барања поради реалните потреби на пацинетите, изјави Манолева.

Таа потсетои дека од 2019 година почнал да работи Одделот за електростимулација, каде се имплантираат електростимулатори за пациентите на кои тоа им е потребно и овој центар станува вториот референтен центар во државата за имплантација на пејсмејкери. Во 2022 година е набавен најнов современ ехо апарат за ехокардиографија, а во семптември 2022 година инсталиран е новиот ангиограф.

- Би сакала да ја споменам и реконструкцијата на објектот којашто е за добивање на енергетска ефикаснот, со грант преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада во вредност од 350 илјади евра. Реконструкцијата е во тек, се надеваме на скоро завршување на објектот. Парцијално се работи заради потребите на болничкиот дел и потребата да бидат сместувани пациенти за да нема застој во работата, подвлече Манолева.

Во однос на најавите за развој на нови дијагностички и тераписки процедури во нов Регионален центар за акутен мозочен удар во едно крило од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ за правење мрежа за акутен мозочен удар, истакна дека Министерството за здравство е во постапка на преземање на објектот.

- Се финишираат сите законски барикади, кои ги имавме. Се надевам дека во наредниот период многу брзо ќе имаме конкретни информации за преземање на Министерството за здравтство на тој објект. Надзорот треба да каже дали треба нешто да се поправи во објектот или не, додаде заменик министерката.

Во специјалната болница „Свети Еразмо“ предвидено е отворање на Регионален центар за акутен мозочен удар, со спојување на здравствените и техничките капацитети со Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања, кој би третирал пациенти со акутен мозочен удар од цел Југозападен регион. сс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан