Ушаков: Трилатерална средба меѓу претседателите на САД, Русија и Украина не беше предмет на дискусија
- На прашањето за можноста за одржување трилатерален состанок со учество на Зеленски, претставникот на Кремљ лаконски одговори: „Оваа тема сè уште не е дискутирана“.
Москва, 16 август 2025 (МИА) - Дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека прашањето за трилатерален состанок меѓу претседателите на САД, Русија и Украина не беше предмет на дискусија, објавија светските агенции.
Ушаков рече дека не знае кога Трамп и Путин ќе се сретнат повторно по нивниот состанок во Алјаска.
Во коментар за рускиот „Канал 1“, Ушаков нагласи дека штом ќе се сумираат конечните резултати од вчерашниот самит меѓу Русија и САД во Алјаска, ќе се донесе одлука за организирање на нов билатерален состанок меѓу лидерите на двете земји.
Во овој поглед, на прашањето за можноста за одржување трилатерален состанок со учество на Зеленски, претставникот на Кремљ лаконски одговори: „Оваа тема сè уште не е дискутирана“.сд/
фото:МИА архива