• понеделник, 23 декември 2024

Училиштето во велешко Црквино во лоша состојба,  општината најави негово проширување

Училиштето во велешко Црквино во лоша состојба,  општината најави негово проширување
Велес,1 февруари 2022 (МИА) - На првиот ден од второто полугодие во посета на Подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во велешкото село Црквино денеска беше градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев,кој направи увид на училишната зграда, што е во лоша состојба. Тој им соопшти на претставниците на училиштето со кои се сретна и разговараше дека општинските служби имаат решение за нивниот долгогодишен проблем – проширување на зградата на постоечкото училишта, како и  изградба на внатрешни тоалети, бидејќи сегашните се надвор од училишната зграда. Колев најави дека во рамки на надлежностите на Општината ќе се отпочне и процедура за подготовка на процесот. Во текот на посетата на село Црквино, градоначалникот Колев се сретна и разговараше со жители на селото кои го запознаа и со останатите инфраструктурни и други  проблеми со кои се соочуваат и побараа нивно решавање. ад/цр

Остани поврзан