• недела, 22 декември 2024

Ученици од Франција на пракса во струмички компании

Ученици од Франција на пракса во струмички компании

Струмица, 11 април 2024 (МИА) - Седум ученици од Франција 14 денови престојуваат во Струмица и во три струмички компании реализираат практична работа преку учење.

Како што соопштија од Општина Струмица, престојот на француските ученици е во рамките на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија.

Таквата соработка меѓу двете институции е воспоставена минатата година преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ во реализираните „Еразмус+“ активности во стручното образование и обука.

Гостите од Франција заедно со директорот на струмичкото средно училиште и професори денеска ги прими градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги запозна со Општина Струмица, а учениците од Париз ги споделија своите импресии од престојот и работата. рт/мд/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан