Ученици од Кавадарци продаваа сопствени изработки од отпаден текстил, парите за садници и пошумување
- Ученици од Кавадарци продаваа сопствени изработки од отпаден текстил, парите ќе бидат наменети за купување садници и пошумување. Истовремено, на градскиот плоштад се одржа и голема собирна акција за отпаден текстил. Имаше поставено контејнери за одлагање на отпаден текстил. Се собираше и облека за донација.
Кавадарци, 24 септември 2025 (МИА) - Ученици од Кавадарци продаваа сопствени изработки од отпаден текстил, парите ќе бидат наменети за купување садници и пошумување. Истовремено, на градскиот плоштад се одржа и голема собирна акција за отпаден текстил. Имаше поставено контејнери за одлагање на отпаден текстил. Се собираше и облека за донација.
- Беше извршена обука во основните училишта, за како правилно да се селектира текстилен отпад. Селекцијата на текстилниот отпад е значајна за заштитата на животната средина бидејќи овој отпад може да се реупотреби, рече за МИА, Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа.
Оваа активност е во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, спроведуван од Центар за климатски промени, во соработка со повеќе партнерски организации, меѓу кои и здружението ,Креактив".
Учениците од основните училишта во општина Кавадарци имаа свои штандови каде ги изложија и продаваа своите креации од отпаден текстил.
- Поддржете ја креативноста и грижата за животната средина, беше пораката упатена во врска со овој настан. свд/вј/
Фото: МИА