• вторник, 07 мај 2024

Утре ќе се одржи вториот „Мајски коњички турнир“

Утре ќе се одржи вториот „Мајски коњички турнир“
Скопје, 21 мај 2021 (МИА) – Клубот Анималс, утре (22 мај) со почеток во 10 часот на терените во населба Дрма кај Идризово, ќе го одржи вториот „Мајскиот коњички турнир“ и 1. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 0,90 м. до 1.10/1,20 м. На првиот турнир одржан минатиот викенд победија Леонида Гроздановска и Зоран Јовановиќ. За оваа сезона предвидени се шест кола од Државното првенство и четири кола во Лига-првенството. зс/

Остани поврзан