Утре топло со дневни температури над просекот за овој период од годината
- Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и утре времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто нив

Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и утре времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.
-Утре кон крајот на денот и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Во недела ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури, а од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури. дма/нд/