Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
- Со литургијата, како што е објавено на официјална веб страница на Скопска Православна Епархија - МПЦ-ОА, ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители.

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - По повод 25 годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утре во 09.00 часот ќе се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Со литургијата, како што е објавено на официјална веб страница на Скопска Православна Епархија - МПЦ-ОА, ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители. дма/
Фото:МИА архива