Утре без вода Сопиште, Ракотинци и Добридол
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот се до завршување на интервенцијата.

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Без вода утре ќе останат корисниците од Сопиште, Ракотинци и Добридол.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради монтажа на регулатор на потисна цевка во Сопиште бб (под пумпената станица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот се до завршување на интервенцијата. дма/бак/
Фото: МИА архива