Усеин Болт: Сега Роналдо е побрз од мене, тој е супер-спортист
- Осумкратниот олимписки шампион во спринтерските трки, Усеин Болт одговори на прашањето на шпански новинар: „Кој би победил на трката доколку се одржи сега - Болт или напаѓачот на Јувентус, Кр

Мадрид, 14 ноември 2020 (МИА) - Осумкратниот олимписки шампион во спринтерските трки, Усеин Болт одговори на прашањето на шпански новинар: „Кој би победил на трката доколку се одржи сега - Болт или напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо?
-Ќе победи Кристијано, велам со сигурност. Затоа што тој сè уште работи со полн капацитет. Го сметам за супер-спортист, тој е секогаш на врвот. Работи напорно секој ден, секогаш фокусиран. Мислам дека сега е побрз од мене, рече Болт.
Пред три години, атлетичарот од Јамајка имаше неуспешен обид да започна професионална фудбалска кариера. зс/