• среда, 15 мај 2024

Уреден простор со спортски терени и детско игралиште во населбата Баглак, Крива Паланка

Уреден простор со спортски терени и детско игралиште во населбата Баглак, Крива Паланка

Крива Паланка, 28 јули 2023 (МИА) - На површина од 1800 метри квадратни во кривопаланечката населба Баглак е уреден простор со спортски терени, игралиште за фудбал и кошарка, детско катче и паркинзи.

-Од буџетот на Општина Крива Паланка инвестиравме милион денари за уредување на просторот кај Метеоролошка станица. На површина од 1800 метри квадратни направени и уредени се: ново детско урбано катче со бројни реквизити за детски игри, уредено е постојното фудбалско игралиште, уреден е терен за баскет, останатите површини во околината на просторот се хортикултурно уредени и направени се паркинг простори за оваа локација. Урбано и модерно катче какво што заслужуваат сите граѓани. Место што ќе биде главно маалско катче за спорт, дружба, игра и позитивна енергија на жителите од овој дел на Општина Крива Паланка, рече градоначалникот Сашко Митовски.

Локалните власти од буџетот за 2023 година издвоија рекордна сума средства од 3.000 .000 денари за изградба и уредување детски урбани катчиња, а заложбите се, рече Митовски, создавање соодветни, современи и достојни услови за живот на сите граѓани, за правилен и здрав, спортски начин на живот на младите и  радост на сите дечиња.  ид/свс

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан