• понеделник, 23 декември 2024

Урбанизмот, легализациите и инфраструктурата во Центар, главни теми на отворениот ден на граѓаните и Герасимовски

Урбанизмот, легализациите и инфраструктурата во Центар, главни теми на отворениот ден на граѓаните и Герасимовски
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) - Новите градби, решенијата за легализација, инфраструктурата и јавната хигиена беа главните интереси на граѓаните на денешниот отворен ден со Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар Како што информираат од општината градоначалникот, заедно со раководителите на општинските служби, разговарал со жителите на општината кои му предложиле решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат. -Овие отворени денови и лични средби со граѓаните стануваат моја пракса. Сметам дека на овој начин, во разговор со жителите, можам да добијам вистинска слика за случувањата во општината. Денеска со мене се и претставници од општинските служби, со кои ги ислушавме граѓаните и ги забележавме проблемите. Во следниот период ќе работиме на нивно решавање. Отворените денови во општината се и чекор напред кон зголемување на отчетноста и транспарентноста во нашата работа, воедно претставуваат и добра алатка за брзо и активно решавање на состојбите кои ги мачат центарци, изјави градоначалникот Герасимовски. Од општина Центар  ги повикуваат сите жители кои се заинтересирани и сакаат да присуствуваат на идните отворени денови со градоначалникот, своето присуство да го најават со повик на телефонските броеви: 02 3203 682 и 075 219 173.свс/лв/  

Остани поврзан