Ураганот Ета го погоди карипскиот брег на Никарагва
- Ураганот Ета, од висока четврта категорија, со силен ветер и дожд, денеска го погоди карипскиот брег на Никарагва, уништувајќи ги домовите и инфраструктурата и предизвикувајќи поплави.

Манагва, 3 ноември 2020 (МИА) - Ураганот Ета, од висока четврта категорија, со силен ветер и дожд, денеска го погоди карипскиот брег на Никарагва, уништувајќи ги домовите и инфраструктурата и предизвикувајќи поплави.
Ета ја погоди областа во близина на пристаништето Порто Кабезас, уривајќи покриви на куќи и електрични водови и предизвикувајќи поплавување, изјави Гилермо Гонзалес, шеф на агенцијата за управување со катастрофи во Никарагва.
Тој додаде дека ураганот почнал од полноќ.
Американскиот национален центар за урагани (НХЦ) објави дека Ета е крајно опасна бура од четврта категорија од скалата Сафир-Симпсон, која носи катастрофални ветрови во Никарагва.
Северните автохтони региони кои се директно на патот на Ете се најсиромашни во Никарагва.
Многу луѓе во близина живеат во дрвени куќи и имаат мали шанси против толку силно невреме.
Доцна синоќа, локалниот католички свештеник Хавиер Плат изјави дека во градот Порто Кабазас има прекин на електричната енергија и дека се пополнети засолништата обезбедени од владата. паг/