• недела, 22 декември 2024

Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико

Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико

Џорџтаун, 4 јули 2024 (МИА) – Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на овој остров на Карибите.

Берил, во моментов е ураган од четврта категорија, со ветрови до 215 километри на час, го погоди јужниот брег на островот.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви.

Си-ен-ен пренесе дека една жена загина на Јамајка откако дрво паднало врз нејзиниот дом.

Ураганот уби најмалку осум лица пред да падне на копно во Јамајка, тројца во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.сд/

Остани поврзан