• вторник, 14 мај 2024

Урава Ред Дајмонд нов азиски фудбалски првак

Урава Ред Дајмонд нов азиски фудбалски првак

Саитама, 6 мај 2023 (МИА) – Фудбалерите на Урава Ред Дајмондс ја освоија шампионската титула во Азија, откако денеска во реваншот од финалето во Лигата на шампиони на домашен терен во Саитама го совладаа бранителот на трофејот саудиски Ал – Хилал со 1-0.

Минималната победа во комбинација со ремито 1-1 од првиот натпревар му беше доволно на јапонскиот клуб по третпат во својата историја да триумфира во азиската Лига на шампиони.

Единствениот гол на натпреварот беше автоголот на Андреа Кариљо во 48 минута.

Урава беше првак на Азија и во 2007 и во 2017 година.

Ал – Хилал со пет трофеи и натаму е рекордер според бројот на титули во азиската Лига на шампиони. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан