• сабота, 18 мај 2024

УО на Коморскиот инвестициски форум во посета на компанијата „Костал Македонија“

УО на Коморскиот инвестициски форум во посета на компанијата „Костал Македонија“
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, со која копретседава Стопанската комора на Северна Македонија, денеска ќе ја посети компанијата „Костал Македонија“ Охрид. Како што е најавено од Стопанската комора на Северна Македонија, на средбата ќе се дискутира за приоритетите на регионалната економска соработка и за зајакнувањето на позицијата на компаниите од регионот на Западен Балкан во регионалните и глобалните ланци на снабдување. „Костел“ е водечка компанија од автомобилската индустрија во македонската економија и една од најголемите странски директни инвестиции во земјата. цр/бак/

Остани поврзан