• недела, 22 декември 2024

УНХЦР: Повеќе од 100.000 лица од Либан преминаа во Сирија

УНХЦР: Повеќе од 100.000 лица од Либан преминаа во Сирија

Женева, 30 септември 2024 (МИА) - Повеќе од 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија по ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах овој месец, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Меѓу бегалците има и либански и сириски државјани, напиша тој на социјалната мрежа X.

УНХЦР обезбедува помош за бегалците кои пристигнуваат на четири гранични премини, додаде тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан