• петок, 22 ноември 2024

УНХЦР бара итна акција за спасување на група Рохинџи во Андаманско Море

УНХЦР бара итна акција за спасување на група Рохинџи во Андаманско Море
Женева, 22 февруари 2021 (МИА) - Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) денеска побара итна акција за спасување на група бегалци Рохинџи, кои се на брод без храна и вода во Андаманско Море (Бурманско Море) јужно од Мјанмар. Во апелот се наведува дека голем број Рохинџи на бродот се болни или опасно дехидрирани, а најверојатно има и мртви. - Со оглед дека не ни е позната точната локација на бродот со бегалци ги алармиравме надлежните во релевантните земји и апелиравме да покренат итна акција за спасување на човечки животи, се наведува во соопштението на УНХЦР. Рохинџите се муслиманско малцинство во Мјанмар, каде поголемиот број од жителите се ббудисти, поради што често се изложени на дискриминација и кршење на човековите права. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан