• понеделник, 23 декември 2024

Уништен дел од урбаната опрема во дворот на деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево

Уништен дел од урбаната опрема во дворот на деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево
Делчево, 23 август 2022 (МИА) - Во дворот на деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево, група малолетници синоќа во доцните вечерни часови уништија дел од урбаната опрема, поради што настанот е пријавен во полиција.
Вработените во училиштето утрово најостро го осудија вандалскиот чин, напоменувајќи дека се откриени сторителите и се повикани на разговор и советување заедно со нивните родители  во училиштето.
-Сите ние  бевме згрозени  од агресивноста и недоличноста на оваа група ученици. Ваквото  кршење на училишниот инвентар,  претставува деградирање на моралните вредности, имајќи во предвид дека станува збор за образовна институција, во која што учат ученици кои се нивни врсници од основно образование на возраст од 6-14 години, истакнаа од ООУ ,,Ванчо Прке".
Во рамките на своите законски надлежности, како воспитно - образовна институција најавија постапување според училишните воспитни, но и казнени педагошки мерки.
-Целта е да најдеме начин да ја разбудиме морална свест кај овие ученици, за која е потребна и родителска грижа и воспитување. Со цел да не се повторат  ваквите  насилнички и вандалски, немили ,  но и застрашувачки постапки на младите. Апелираме до граѓаните на нашиот град, од било која возраст, да ни помогнат во заедничкото справување со овие појави, влиаејќи на постапките на нивните најблиски, во секој дом и во секое семејство, затоа што навистина е потребно да најдеме време и начин, како да ги поттикнеме младите да придонесуваат во заштита на нашите најубави и највредни објекти, паркови и училишни терени, додадоа од делчевското училиште.
Во изминатите години како што дополнија беа уништени трибините, кои целосно беа отстранети и со подршка и донација на  „Брегал" ДОО, повторно  беа обновени со дрвена столарија. вс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан